АГЕНДА
на активностите на натпреварот
- спуст од Копанки до детско
одмаралиште 1-2.11.2008
На 1.11. ќе има организиран превоз за учесниците од Битола до хотел Молика. Официјалните припреми за натпреварот ќе започнат во 9 часот со слободен тренинг кој ќе трае до 12 часот. Од 13 до 15:30 се одржуваат квалификациите. После тоа организацијата ќе го одреди бројот на учесниците на натпреварот и редоследот по кој ќе се тргнува. Вечерта се организира забава и дружење со учесниците на натпреварот.
На 2.11. се одвива натпреварот. Старт во 11 часот пред домот Копанки. Секој учесник тргнува посебно со одреден временски интервал. Целта ќе биди на крајот од вториот ски лифт зад детското одмаралиште.
Откако сите учесници ќе ја завршат трката ќе има доделување на наградите за најуспешните.
Значи:
1.11.2008 - 9:00 до 12:00 официјален тренинг
1.11.2008 - 13:00 квалификации
2.11.2008 - 11:00 старт на трката
Пријавување за натпреварот
Се молат сите заинтересирани за учество на Downhill натпреварот "4-ти Ноември DH" што ќе се одржи на 1-2 Ноември да се пријават во Extreme Bike. За малолетните лице потребна е дозвола од родител (старател).
За вас што сте од друг град можете да побарате да ви пуштам пријава по e-mail и да ми вратите пополнета па кога ќе пристигнете ќе потпишете.
e-mail: extremebikebitola@gmail.com
http://extremebikebitola.com/
тел. 070 307 973