|
денеска
е:
- АРХИВА
ОВДЕ!
концерти,
свирки, фестивали, промоции
Punkrock vs. Ska volume I
|
|
Новиот Почеток и Fun House ве покануваат на 5
Октомври во клубот Кастро, со почеток во 21:00
часот, на "Punkrock vs. Ska volume I". Цената е 150
денари, а забавата, како и секогаш, е загарантирана. |
| __________________ |
Aktivna Propaganda, Mental Development, Boycott свирка Куманово Клуб Тунел 07.08.2007
|
|
| __________________ |
Drum`n`Brass Trio и Death Disco доаѓаат на Plagijat turns 2!!
|
|
Со особена чест и задоволство сакаме да ве известиме за најновото освежување на листата на изведувачи на фестивалот PLAGIJAT TURNS 2. Потврдени се настапите на несекојдневниот и оригинален проект наречен DRUM'N'BRASS TRIO од Скопје и на еден од најталентираните балкански бендови сплитско-загрепските DEATH DISCO. Повеќе... |
|
ВЛЕЗНИЦИТЕ за Plagij.at turns 2 ќе бидат пуштени во продажба на 15 август (среда) во Југотон и кафе Лаика (останатите продажни места во Скопје и низ Македонија ќе бидат објавени наскоро).
Цената на влезниците од 15.08 до 26.08 ќе изнесува 300 денари, од 27.08 до 31.08 - 350 денари, а на денот на фестивалот - 400 денари. |
| __________________ |
Плагиј.ат призентс: PLAGIJ.AT TURNS 2!!!
|
|
Имено како последица на добрите природни дојки од кои цицавме изминатава година, нашите организми станаа доста издржливи и моќни и ние задаваме удар, малку посилен од претходниот, здебеленки од белковините, силни во мислите, издржливи со ноџињата се затрчавме кон големиот извор! Извор на љубов, музика, дружење, пиво, адреналин, среќа, пропуштени повици, флертувања, пријатели, добар звук, тишина, патување, други димензии, ликови кои не постојат, цветови, топлина, грижливост, солзи, смеа...
Во моментов градиме простор со кој ке му дадеме живост на изворот! Тој почна да лади во овие жешки денови, и во час станува се појак и појак! Немаше да го најавуваме овој трансцедентален извор ако тој во себе не содржи ендемични видови, кои ние заедно, вклучувајќи те и тебе драг читателу ќе се обидеме да го зачуваме и прочистиме од грубоста на овој свет. Повеќе... |
| _________________________________________ |
Свирка
|
|
| ____________________________________ |
AFTER THE MASSACRE & ARSONIST свирка
|
|
| After the massacre се краст бенд од Англија. Ќе настапат во Скопје во клубот Кастро на 31ви мај. Како домашна поддршка ќе го гледаме скопскиот old school d-beat состав Arsonist. Влезот е 150 ден со почеток во 21h. Се гледаме таму! |
| ____________________________________ |
Core
to the gorund!
|
|
|
____________________________________ |
Неле К. во живо на Канал 103
|
|
Стотројка
повторно напаѓа. Овојпат со концерт на
еден од најталентираните протагонисти
на новиот македонски рокенрол бран - Неле
К. Неговата „Евтин автомобил“
се најде на второто место на листата на
најдобри домашни синглови во 2006-та според
Канал 103. Неле К., познат и како Нелетронски
Гуру, заедно со својот бенд, ќе се претстави
во живо во недела (4. февруари) во 22
часот, во емисијата „Тажен и прекрасен
свет“ на Ѓорѓи Јаневски.
За ликот и неговото дело
Неле К, Qousque tandem, Neletronski Guru
и во поново време The King of Idle се
само некои од гигантски познатите имиња
во позадината на кои стои еден скромен
човек по име Ненад Неделков кој веќе подолго
време живее и не работи во Скопје.
And now for something completely
different
Неле К уште во раните години на својот
живот се одвојуваше од останатите деца
заради својата несекојдневна просечност,
за потоа ненадејно и со остра желба за
мастурбирање, да настапи периодот наречен
пубертет. Патем и сосем случајно си купи
гитара...
Така, откривајќи најразлични начини на
самозадоволување, беа создадени незаборавните
хитови на скопската гранџ ера како „Влага
во уши“, „Две минути сам“ и „Нирвана ми
се сра*е (а Sonic Youth се старци)“. Овие
и многу полоши песни беа изведени пред
публика на единствениот жив настап на
групата Gods Rest In Peace која во рок
од 3 години, колку што постоеше, смени
двајца басисти, три бубњари и една задна
гума од трактор за конечно да се распадне.
За G.R.I.P. угледниот музички магазин
Асфалт го напиша следново: „Настинати
(... и тоа не мислам на добар начин)“.
Сепак кариерата на Неле, продолжи да се
развива во сериозен правец и во годините
што следеа покрај еден соло проект што
беше дел и од неколку добро познати и
реномирани состави од најразлични музички
провиненции како la #%@#&x #i the
%& The #%s од кои беше набрзо избркан
затоа што беше - Тапа. Мора да се напомене
и тоа дека му беше по судски пат забрането
да ги користи имињата на овие состави
во неговите биографии.
Ова секако не го поколеба Неле кој беше
резолвиран да не работи ништо корисно
во својот живот па така и ден денес успешно
ја работи својата несекојдневно просечна
музика. Поновите хитови како „Ова не е
месо, ова е сарма“ и „Ми се расипа пеглата,
па нема да можам да те изведам во диско“,
секојдневно доминираат на брановите на
најрелевантните радио станици.
Што уште може за Неле да се каже? Неговата
музика кажува повеќе од доволно. Затоа
да завршиме со зборовите од неговата поема
„Ако јас не се избањам дождот ќе ме измие“:
... ова лето пун сум камен
зашто имам хитовски рефрен
уште да не живеев во Скопје
и да немав триесе...
Gwendolyne
______________________________________
|
Mr. T-Bone во Кастро! |
|
____________________________ |
Corpus Delicti Records најавува: Play
it loud!!! фестивал (06.03.2007) |
|
|
____________________________ |
Thrash Metal Massacre - 26.01.2007 vo Kastro |
|
На
26-ти јануари во клубот
Кастро ќе се одржи Thrash
Metal Massacre. На мини фестивалот
кој започнува во 20:00 часот
ќе настапат: кумановските треш легенди
Holocaust, битолчаните
Medusa и уште два помлади
состави: Serpentine Fire
(Скопје) и Vandal (Куманово).
Цената на билетите е 150 денари
и истите можат да се купат на влезот во
клубот. Дополнителни информации:
- За бендовите што ќе настапат: http://plagij.at/index.php?sajt=more&id=1545
- Видео клип Holocaust - Domination Of
Sinners (Live @ MKC 10.02.06): http://www.holocaustband.com/DOS.mpg
- Официјална страница на Holocaust: http://www.holocaustband.com
- Повеќе инфо за Бригада: http://www.mkmetal.info/mkmetal/brigade
|
________________________________________
|
Girls Against Boys во Скопје! |
|
Уште
еден доказ дека баш се не е отидено у
к*рац е следната вест која ни ја испратија
од Живеј Поквалитетно. Факинг Girls Against
Boys доаѓаат во Скопје следниот месец!
Во продолжение следува кратка биографија
на бендот. Повеќе...
|
________________________________________
|
CASUAL ELVIS (27.01 @ Kastro) |
|
| Загрепската
четворка, Casual Elvis, ќе си даде уште
една шанса со нашата публика, за размена
на инди-рок искуство, што ретко се нуди
во македонските клубови. Повеќе...
|
|
______________________________________
|
Паркети и Кастро ве наградуваат!!!
|
 |
Паркети
и Кастро наградуваат!
Во пресрет на предновогодишното панк-
рок лудило што ќе се случува во Кастро
по 21:00 (во сабота), еве едно наградно
прашање за чиј точен одговор Фидел лично
доделува 10 билети.
Која од трите песни не е на
Паркети:
1.Мравка зелена
2.Кафеави џуџиња
3.Немам што да облечам
Одговоритe праќајте ги на:
clubcastro[et]gmail.com
П.С. Покрај редовниот репертоар на Паркети,
на концерот ќе чуете и уште теми на
Т.Б. Трачери во паркетизирана варијанта.
Зошто, ќе дознаете наскоро.
|
__________________________________________
|
Паркети предновогодишно во Кастро
|
|
Одлично
предновогодишно пакетче од Кубот Кастро!
Во сабота (30 декември) во клубот со
почеток во 21 часот во ептен предновогодишен
амбиент со свој солистички концерт ке
се претстави битолската рок/панк атракција,
добро познатите Паркети.
Значи.... Загревање пред главната вечер...
Клуб Кастро
Сабота 30 декември 2006
Старт 21:00
Влез 150 денари!
Среќна нова со Кастро и Паркети!
|
__________________________________________
|
Two Sides и Летечки Пекинезери на ДРУМ!
|
После
50 тина веќе одржани концерти, ДРУМ
турнејата продолжува со уште 20 нови
датуми, од кои 10 ќе “одработат“ Two
Sides, а 10 остануваат за Летечките
Пекинезери. Не пропуштајте ги во Вашите
градови.
Датумите
се следни:
Two Sides DRUM tour Декември ’06/Јануари
’07
21.12 Велес – клуб Ноктурно
23.12 Тетово – Рок кафе
28.12 Кичевo – Анастасија (Dream Club)
29.12 Струга – Midnight
04.01 Струмица - Urban Heroes
05.01 Штип – Дом на млади
10.01 Гевгелија – Кај Сељако
25.01 Прилеп - Апореа
26.01 Охрид – Дом на култура
27.01 Битола
ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ DRUM tour Јануари
’07
07.01 Прилеп - Апореа
11.01 Тетово – Рок кафе
12.01 Кичевo – Анастасија (Dream Club)
13.01 Битола – Порта Jazz
14.01 Охрид - Jazz inn
17.01 Велес – клуб Ноктурно
19.01 Струга – Midnight
24.01 Гевгелија – Кај Сељако
25.01 Струмица - Urban Heroes
26.01 Штип – Дом на млади
|
_____________________________ |

Таксират
осмицата, 02.12.2006 |
|
Таксират
е едно од ретките случувања во земјава
што започнува точно на време. Па така,
во 20:04 на бината се појави единствениот
македонски претставник во "рокерската"
хала таа вечер, скопскиот бенд Blla
Blla Blla.
За жал салата сеуште беше далеку од
полна. Никако да се искорени таа глупа
навика на македонската публика да дојде
на концерт, откако тој е веќе започнат.
И покрај полупразната (реновирана) хала
на скопски саем.. Blla Blla Blla со
својот одличен настап покажаа дека се
еден од нашите најдобри бендови. Свират
модерна музика каква што е вистинска
реткост да се чуе во земјава. За жал.
Повеќе...
Клипчиња: 01,02,03,04,05,06
|
|
_____________________________________
|

This
Home Is Prepared + The Now Denial @ Club
Castro |
|
Приказната
околу The
Now Denial започнува некако вака:
трактор-влечачка машина, пидбул и шише
шампањ со јагоди. Односно од умрените
остатоци на неколку бенда околу 2000та
година момциве се собираат во една дружина
со цел да го освојат светот. Планиран
како пријателски бенд за зезање помеѓу
нив и другарите, бендот за кратко време
почнува да се менува и станува поозбилен,
и сваќаат дека ова нешто што го направиле
е сериозна работа. По околу 3-4 месеце
вежбање земаат уште еден гитарист со
нив и почнуваат да работат уште поозбилно,
односно свират на многу настани и бендот
почнува да живее. Повеќе...
|
|
_____________________________________
|

Почеток на нови емоции! |
|
Долго време ми требаше
за да ги средам сите мисли и впечатоци
од оваа свирка, а богами ни требаше
време и да ги средиме клиповите кои
ги имате во изобилство, и ќе бидат добро
потсеќање за тоа што се случи минатата
сабота во Кастро. Но да почнам одпочеток!
21.10.2006 датум кој веќе беше долгоочекуван,
а промоцијата уште повеќе бидејќи веќе
на неколку пати беше одложувано тоа
што требаше да се случи, иако многу
одамна моците се спремаа за тоа... нејсе!
Конечно дојде (правото) време за промоција
на нивниот албум. Повеќе...
|
|
_____________________________________
|

Iggy Pop на ТАКСИРАТ 8!!! |
|
Епа
редно беше конечно да ја објавиме информацијава..
долго време знаевме дека се преговара,
долго време знаевме дека уште ситни детали
недостасуваа за се да биде финиширано..
и конечно еве го... го знаеме хедлајнерот
на овогодинешниот Таксират.
Буфффф! Повеќе... |
|
_____________________________________
|

Ново цд - нова промоција.... Нов почеток!
|
|
| Новиот
Почеток ве повикува на концертна промоција
на првиот албум насловен како “Еволуцијата
би требало да започне сега...” кој е конечно
издаден за сопствената издавачка - ficsixtynine
records. Инаку истоимениот албум резултира
на изминатата 4 годишна работа на Новиот
Почеток, бендот кој порано беше познат
под името Морфиум. Албумот е снимен во
крајот на Декември минатата 2005 година
и 21 Октомври 2006 е денот кога јавноста
т.е Македонската публика ке можат да го
купи промотивно по цена од 150 денари
заедно со влезот на самата промоција која
ке се случува во клубот Кастро (за тие
што се уште не знаат каде е – бившо Escape,
под новата железничка станица.). Повеќе... |
|
_____________________________________
|
Концерт на GURU!!! |
|
Концертот
на Hip Hop иконата GURU се ближи. Познати
се и Македонските артисти кои ќе ја загреваат
атмосферата пред жешкиот настап на GURU,
подржан од супер продуцентот Solar и DJ
DooWoop. Пред Македонската публика ќе
можат да се представат младите и надежни
“Лесен Удар“, после нив следуваат поискусните
“исток-запад“, “Видо“ и “Урбана Димензија
(Toni Zen&Dj Cvare)”. За комплетен
настан и ужасно добар концерт ќе се погрижат
и DJ Shorty P a.k.a Panco кој ќе го отвори
концертот и DJ Slave кој ќе има свое мини
Scrach(скреч) show На 14ти Октомври лошите
мисли оставете ги дома, а капите и дураците
на глава па правец МКЦ на незаборавен
Hip Hop спектакл.
Поздрав, Sure Shotz Entertainment &
Lithium Records Crew |
_____________________________ |
Wickeda
vo Castro
|
|
Видео:
Pinokio
Mariana
S
Bobby pieme kafe |
Во
Скопје како што знаеме секогаш се се случува
во една недела, а ако заради добрата организација
и секогаш навременото префрлање пари од
страна на Министерството за култура нешто
се одложи и откаже, тогаш се се случува
во еден месец. Фала богу, годинава тоа
е септември кога каде и да се свртиш нешто
се случува. Филмски фестивал, МОТ, Манаки,
Македонија- Англија, па дури и Владо Јаневски
го даде првото интервју. А, тука меѓу
сите овие настани ни доаѓаат и веселите
Бугари кои ги немаме видено од 2002 (не,
не мислам на дел од новата Влада :) ).
И тоа уште на отварање на нов клуб во
Скопје. Што би рекле Англичаните: When
it rains, it pours. Мора да се иде.А да
биде баш во согласност со оваа поговорка,
дента баш убаво си паѓаше дожд. Се беше
спремно за добра свирка.
Повеќе.... |
| Pozdrav,
Milan! |

DTC на ДРУМ турнеја |
|
Denny
Te Chuva е новиот патник на ДРУМ турнејата.
Како претпромоција на новиот албум кој
да се надеваме дека ќе се појави до Нова
година, во следните 15 дена со 10 концерти
низ Македонија ќе покажат зашто публиката
на нивните концерти збеснува од позитивна
енергија.
ДРУМ фестивалот има нов член. Кичево,
велкам!
Denny Te Chuva он д роуд:
28.09. - Анастасија, Кичево
29.09. - Рок Кафе, Тетово
30.09. - Лектира, Битола
01.10. - Апореа, Прилеп
05.10. - Ноктурно, Велес
06.10. - Сељако, Гевгелија
07.10. - Дом на млади, Штип (н.з. тоооо!)
08.10. - Скејт парк, Кочани + скејт контест
12.10. - Калабалак, Струга
13.10. - Дом на култура, Охрид
Повеќе....
|
_____________________________ |
 Pixies
во Загреб... конечно! |
|
На
24 и 25 август ќе се одржи „Ту мед
фестивал“, која има за цел освежување
и збогатување на сиромашната понуда
на културни и забавни настани во
овој град.
повеќе |
_____________________________ |

Pixies во Загреб... конечно! |
|
This
ain't no holiday, but it always turns
out this way!
Можев овој текст да го започнам со реченица
како тргнавме со кола за Загреб, некаде
околу 4 сабајле. Можев да напишам дека
по пат ги утепавме од вртење албумите
на Overflow и Pixies. Можев да напишам
дека на ... повеќе
|
_____________________________ |
Svirka?-
Koncert!- Vivid, Parketi, Montrael, Bloodhound
gangbang! |
|
Mozhe
sum mala… I mozhebi sudejkji spored
toa nemam nekoe pregolemo iskustvo…
Sepak znam shto e dobro, a shto e losho,
a i shto e WOW! Ova… definitivno beshe
WOOOOW ! Ne, ne , ne vakov scenski nastap…
retko… a kaj nas ushte po retko… verujte.
Ushte kruzhat muabeti za ovoj koncert
a i ushte dolgo kje gi drzhi Skopjani!
Bidejki Bloodhound gang se LUDI! Vidi,
dechkite imaat muzika, da, i se si e
toa ok. Ama ne e muzikata koja gi prai
tolku volshebni! Site onie nezamislivi
mochanja, plukanja, povrakjanja i shto
ti ushte ne … onie koi site ne ostavia
so podotvoreni usti… mozhebi vaka pishano
zvuchi i malku gnasno.. NO NE E! Verujte,
toa e samo premnogu ludo i hrabro. A
i toa shto gi pravi dechkive tolku…
hmz… nema soodveten zbor : ).
Повеќе...
|
Pozdrav, Dona.
_____________________________ |
Bloodhound
Gang @ Лизгалиште, 21.06.2006 |
|
Почетокот
на текстот ќе го искористам за да им
го честитам роденденот на Литиумци.
Да сте живи и здрави.. и што почесто
да организирате концерти. Сега, кога
веќе наполнивте десет години подгответе
го најдобриот Таксират од постоењето
на фестивалот.
За добра забава на роденденската журка
беа задолжени македонските претставници
Вивид и Паркети, Германците Montreal
и ѕвездите на вечерта Американците Bloodhound
Gang.
Повеќе... |
_____________________________ |
Massive
Attack @ Скопски саем, 11.06.2006 |
|
Ми
се чини дека дента на концертот на
Масив Атак беше најголемата олуја оваа
пролет. Откако Србија и Црна Гора изгубија
од Холандија во фудбал, се отвори небото,
се расипа преносот, единствена логична
работа беше токму да се видат Масив
Атак. Да бидам искрена, она што ме
натера најмногу да отидам на концертот
беше Елизабет Фрејзер. Сум ги гледала
Масив Атак два пати претходно, од кои
првиот, во Загреб пред 3 години, беше
еден од најдобрите концерти што сум
ги гледала, а вториот настап, на Егзит
пред 2 години, беше очај. Така овој
нивен настап би го сместила некаде
помеѓу тие два, во однос на квалитет.
Никогаш не сум ја видела македонската
публика толку да се возбудува за некој
бенд.
Повеќе... |
_____________________________ |
La
Plebe + Sidewalk @ Дом на млади,
Штип |
|
Превозот
го обезбедивме во последен момент.
Откако отпаднаа неколку комбинации
и кога веќе помислив дека сепак ќе
морам да се откажам од штипскиот концерт..
се ослободија две места во комбето
на La Plebe.
Претходно во текот на денот го изгубив
мобилниот, па комуникацијата стана прилично
отежната. Ама тоа е скроз (како оној
босанскиот бенд) различна приказна која
на ниту еден начин не е поврзана со штипското
панк лудило.. Повеќе... |
_____________________________ |
Бонус
концерт на La Plebe во The Club!!! |
|
Сите
оние што поради било каква причина
не успеаа да ги погледнат веселите
La Plebe во Тетово,
Штип или на Biker Fest имаат шанса
за поправен!!!
Поради фантастичниот прием од публиката,
одличната атмосфера на нивните претходни
концерти и прекрасното ни пиво (кое го
пијат во огромни количини), откачените
Мексиканци се решија да ја почастат Македонија
со уште една луда (и незаборавна) панк
забава. Бонус концертот на бендот чиј
последен албум го продуцираше и миксаше
легендарниот Bill Gould (поранешниот
басист на Faith No More) ќе се случи
на 14.06. (среда) во The
Club (Буњаковец, доле.. нели).
Почетокот е најавен за 21 часот, а влезницата
ќе чини 150 денари.
Ќе има и подршка од некој од локалните
бендови, но сеуште не е одредено кој.
И за крај ќе ги цитираме стиховите од
песната Drink со кои уште еднаш ќе ве
поканиме на одлична журка, многу пиво
и мексикански hot chilli панк. |
Drink,
drink, drink for you and me,
drink, drink, drink cause we can see.
Time will go and it will pass,
let me fill your glass!
Повеќе... |
_____________________________ |
La Plebe + Sidewalk
@ Rock Cafe, Тетово |
|
Недела
стандардно е ужасно досаден ден. Ден како
резервиран за излежавање и вртење на телевизиските
канали. Утредента си на работа и самата
помисла на тоа те уништува. За среќа,
еден фантастичен концерт кој се случуваше
на само 42 километри од Скопје овојпат
го растури неделното сивило. Концерт кој
е супер увертира за седмицата преполна
со занимливи и несекојдневни музички настани
во Скопје и Македонија.
Повеќе...
|
|
_____________________________ |
Плоштадска свирка,
03.06.2006 |
|
|
3ти
јуни, плоштад (градски се разбира, кој
друг) , свирка, ск8 и инлајн контест,
сонце, сокче, луѓе што поише може да
се посака?! Малце не беше усогласен
терминот на свирката и контестот,значи,
контестот почна покасно, односно свирката
подрани, али у главном се беше ок.
Беа најавени Новиот Почеток, Ска-Франциско,
и најмладите Фан Хаус и Borgoth. Повеќе...
|
Fotki by Don@, text by Don@&Tea
_____________________________ |
Sick
Of It All во МКЦ! |
|
Видео:
Two Sides: 01 / 02 / 03
Smut: 01 / 02 / 03
Sick Of It All: 01 / 02 / 03 / 04 / 05 / | |